Обезбедени 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со Ковид-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Krvna-palzma

Во изминатиот период се реализирани 16 дарувања на конвалесцентна плазма, од кои седум дарувања со постапка плазмафереза на клеточен сепратор и 9 преку стандартно дарување на целокупна крв. Со ова, обезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со ковид-19.

— реклама —

Коронавирусот е сигнификантна нова закана за јавното здравје поради брзото ширење, каде се огромни напори да се спречи. Неодамна во Институтот за трансфузиона медицина се изготви протокол за дарување на конвалесецентна плазма. Дарител на конвалесцентна плазма може да биде секое лице кое е излечено од овој вирус и кој ги исполнува условите за дарување наведени во протоколот.

Конвалесцентната плазма содржи антитела против коронавирусот создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување на конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со ковид-19.

— реклама —

Голема благодарност до сите оние излекувани пациенти кои даруваа конвалесцентна плазма и упатуваме апел до сите кои поминале низ овој вирус да даруваат плазма за побрзо да го спречиме ширењето на овој непредвидлив вирус.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања