„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Обезбедени повеќе средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
insulin

На вчерашната 152.седница, Владата на Република Северна Македонија го усвои ребалансот на буџетот, со што дополнително се обезбедени средства во висинаод 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, а истовремено во Фондот за здравствена заштита се алоцирани 660 милиони денари за непречено остварување на правата од здравствена заштита.

— реклама —

Владата ја усвои Информацијата за прогресот на активностите за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на Универзитетска клиника за кардиологија.

Истотака, се усвои и информацијата со иницијатива за соединување–централизирање на дејноста онкологија и радиотерапија, во рамки на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје со основање подрачни одделенија во Градската општа болница „8-ми Септември“–Скопје, Клиничка болница Штип и Клиничка болница Битола, како и низ останатите градови во државата.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања