„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Обиди за заплашување и замолчување со клеветнички деманти: Директорот Бучи од ДУИ и Данела се препознал во текст, па се обиде да нѐ цензурира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
jeton-danela

Директорот од ДУИ, Јетон Бучи, поставен во ЈП „Паркови и зеленила“ од градоначалничката Данела Арсовска, без да биде прозван, се нашол засегнат од текстот на „Скопје1“ за мини-депонијата и сметот покрај скопскиот Кеј на Вардарод текстот на „Скопје1“ за мини-депонијата и сметот покрај скопскиот Кеј на Вардар. Преку адвокатката Билјана Панова, која во време на Арсовска е ангажирана во сите јавни претпријатија и Градот Скопје, испрати барање за извинување и повлекување на изјави, кои ги нарекуваат клеветнички. За „Скопје1“ ваквото постапување на Бучи, директор на Арсовска, е бесрамен обид за замолчување, закана, заплашување и изложување на финансиски импликации на нашата компанија.

— реклама —

Станува збор за текст на „Скопје1“ под наслов „Депонија и ѓубришта на кејот на Вардар“збор за текст на „Скопје1“ под наслов „Депонија и ѓубришта на кејот на Вардар“ за што имаме објавен и необјавен видео материјал. Кои се фактите:

— реклама —

  1. Ѓубре и депонија има на кејот на Вардар
  2. Надлежноста за сѐ што е покрај реката Вардар во Скопје е на Град Скопје
  3. Повикани се надлежните да исчистат, се зборува за некултурата на граѓаните кои го исфрлале отпадот
  4. ЈП „Паркови и зеленила“ не е споменато.

Дотолку повеќе што адвокатката Панова, платена од народни пари, сама си носи заклучоци на кого се алудирало во текстот, па таа си претпоставува дека тоа е нејзиниот Властодавател, директорот Бучи од ДУИ, поставен од Арсовска. Таа оди чекор подалеку, па нѐ обвини и за ширење на омраза со текст за несобран смет, каде ничие име не е споменато. На крајот, ни најавува и тужба, за која поставува услов дека нема да ја поднесе доколку се извиниме.

„Вашата објава наведува и на омраза. Воедно во вашиот текст наведува повик на омраза“, стои во барањето од адвокатката.

Панова, во име на Бучи, го коментира текстот на „Скопје1“ и се става во улога на уредник, што за нашата редакција е неприфатливо, а чекорот го оценуваме како срамен и безобразен. Дотолку повеќе што во ниту една реченица, адвокатката на градот платена од народни пари, не кажува кој член од кој закон е прекршен, ниту што не е точно во текстот, туку го цитира Кодексот на новинари кој е внатрешен акт на Здружение на граѓани, а кој во целост е испочитуван.

Адвокатката Панова која во време на Арсовска има добивано пари во илјадници евра од градската каса, реагира и зошто не се побарал став од ЈП „Паркови и зеленило“. Ова е контрадикторно, до тој степен што самата посочува дека тоа претпријатие е ненадлежно за чистење, а ниту е споменато.

„Скопје1“ укажува дека ваквиот наратив нема да нѐ поколеба и натаму да бидеме најгласните критичари, гласот на народот и првите кои ќе се борат Скопје да биде чист град.

Го повикуваме директорот Јетон Бучи од ДУИ, поставен од Арсовска, да престане со ваквите тероризирања на нашата редакција. Истовремено, уште веднаш укажуваме дека за текстот нема да се извиниме, ниту да го избришеме бидејќи секоја реченица е точна и издржана. Го повикуваме Бучи, тужбата која ни ја најавува да си ја плати од сопствен џеб, а не од парите на скопјани – бидејќи тој се нашол прозван, судејќи по барањето од адвокатката Панова, ангажирана во ЈП „Паркови и зеленила“.

Укажуваме дека случајот ќе го пријавиме во сите надлежни институции, странски амбасади, домашни и меѓународни еснафски здруженија. Со вакви дописи се врши дискредитација на новинарите на „Скопје1“, а адвокатите си дозволуваат да се стават во улога на уредници. Ова, според нашата редакција, се коси со уставните начела на слобода на изразување и слобода на медиумите, како и со праксата на Европскиот суд за човекови права.

Укажуваме дека слободата на говор  е загарантирана со македонскиот Устав, како и за сите слободни професии кои критичко го опсервираат општеството.

Во име на редакцијата на “Скопје1”, Кристијан Ландов, главен и одговорен уредник

deponija-vardar-1

(Видео) Депонија и ѓубришта на кејот на Вардар

На омиленото шеталиште на карпошани и скопјани, некој направил депонија.Шпорети, кревети, мувлосани теписи, рѓосани бојлери и тенџериња некој истурил покрај самиот кеј. Кој ова го дозволил и зошто седи несобрано - исто останува отворено прашање. Според Законот за сѐ што е покрај реката Вардар надлежен е Град Скопје.Грдата слика ја надополнуваат и расфрлени лименки, пластични ќеси, догорчиња и кутии од цигари.На потег се или треба да се надлежните а за домашната (не)култура и грижа за животната средина во друга прилика.

Скопје | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања