Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Објавен е нацрт Извештајот од Европската комисија за Кластер 1, „Фундаментални вредности“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Европската комисија го објави и достави нацрт скрининг Извештајот за Кластер 1, „Фундаментални вредности“.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Оценката на Комисијата во Извештајот се заснова на информациите добиени за време на скринингот како и на дијалогот што се води во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и годишните Извештаи на Европската комисија кои се дел од пакетот за проширување.

— реклама —

— реклама —

„Ова е само нацрт Извештај кој допрва ќе се дискутира и усвојува од страна на државите членки на ЕУ и доаѓа во вистинско време кога интензивно работиме на изработка на Патоказите“ – вели вицепремиерот Маричиќ.

Извештајот ја отсликува состојбата на државата и насока за идните реформи кои Северна Македонија треба да ги направи во областа на владеењето на правото, поточно реформите во правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и човековите права, како и да го зајакне функционирањето на демократскиот институции и реформата во јавната администрација, со цел исполнување на условите за членство во Унијата.

„Извештајот за нас е водич и основа за подготовка на клучните документи-Патоказите за владеење….., а истовремено е рефлексија на скрининг процесот, кој трае скоро една година. Поединечните наоди ќе ги коментираме во натамошна фаза кога ќе треба да се вградат во Патоказите, кои ќе бидат консултирани со сите општествени чинители, во еден транспарентен и инклузивен процес.“-објаснува вицепремиерот Маричиќ.

— реклама —

Во Секретаријатот за европски прашања во моментот се работи на превод на документот на македонски јазик, кој ќе биде дополнително објавен на нивната официјална веб страна, информираат од СЕП.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања