Kомпанијата за управување со лозинка SplashData објави список со најлошите лозинки за 2019 година врз основа на повеќе од пет милиони лозинки што се појавија преку интернет во изминатата година, или оние што протекоа по хакерски напади. Извршниот директор на компанијата, Морган Слејн, вели дека со објавувањето на најлошите лозинки секоја година сакаат да ги предупредат корисниците на опасностите што демнат на интернет и дека е потребно да се преземат мерки за заштита на своите профили.Ова е листата со топ-10 најлоши лозинки користени во 2019 година:
1. 123456
2. 123456789
3.qwerty
4. password
5. 1234567
6. 12345678
7. 12345
8. iloveyou
9. 111111
10. 123123
Доколку некој од вас користи ваква лозинка, ви дадовме причина истата веднаш да ја промените.
фото: unboxing-ar.com