Промени тема
Контакт

Објавен јавен повик за членови на локалното собрание на млади на Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
ohrid

Врз основа начлен 74 став 2, 3 и 4 одСтатутот на Општина Охрид, како и член 17 од законот за младинско учество и младински политики, Локалното младинско собрание на Општина Охрид објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД

1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласночлен 17 од Законот за младинско учество и младински политики објавен во Службен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од поголема функционалност на локално младинско собрание, како форма за зголемено учество на младите во локалната заедница.

— реклама —

Целтта на реализација на оваа активност е вклучување на младите во спроведување на политиките и креирање на младинските програми. Тоа е можно единствено преку институционализирање во тело кое формално правно ќе ги претставува и застапува младите во Општина Охрид.

Локалното Собрание на Млади ги известува заинтересираните дека објавува Повик за членови на Локално Собрание на Млади на Општина Охрид.

2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Јавниот повик е отворен за претставници на: младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и другиоблици на младинско здружување кои се активни на територијата на Општина Охрид кои ги исполнуваат следните критериуми:

Да имаат активности на територијата на општина Охрид;

— реклама —

Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој јавен повик;

Делегатот и заменик делегатот кои ќе бидат номинирани требада се: жители на општина Охрид и да бидат на возраст од 15-29 години;

3. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Аплицирањето по однос на јавниот повик се врши електронски со поднесување на пријава која е составен дел на овој јавен повик во PDF формат на следната емаил адреса: sovetnamladiohrid@yahoo.com

Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:

— реклама —

Унифицирана пријава;

Резиме од работата на организацијата; (не се однесува за политички подмладоци)

Мотивационо писмо за учество во Локалното собрание на млади;

Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или со млади во Општина Охрид; (не се однесува за политички подмладоци)

Доставените пријави нема да бидат разгледувани по истекот на рокот на Јавниот повик.

— реклама —

Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Јавниот повик трае 10 дена од денот на објавувањето по што следува оддржување на седница на локалното собрание на млади.

Апликациите ќе бидат разледани од членовите на постоечкото Локалното младинско собрание на Општина Охрид, а мандатите на делегатите ќе бидат верифицирани на самото Собрание.

4. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информаци и во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за млади и невладини организации).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања