Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Објавен Јавен повик за учество на конститутивно Собрание на млади на Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
uploads_thumbs_resize_800x420_348903

Град Скопје денеска објави Јавен повик за учество на конститутивното локално Собрание на млади на Град Скопје. Собрание на млади претставува тело во чија надлежност е изборот на членовите на локалниот младински совет (ЛМС) на Град Скопје.

— реклама —

За учество на конститутивното собрание може да се пријават младински организации, организации за млади, подмладоци на политички партии, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои имаат активности на подрачјето на град Скопје (се однесува на десетте скопски општини Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари).

Целосниот јавен повик со општите услови, како и условите за учество на конститутивното собрание на млади на Град Скопје можете да ги најдете на официјалната веб страница на Град Скопје- https://skopje.gov.mk/media/8806/javen-povik-za-mladinsko-sobranie.pdf , а истиот трае 10 календарски дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.

— реклама —

Сите заинтересирани организации кои со своите предлози ги исполнуваат условите за учество на конститутивното собрание на млади на Град Скопје, потребно е апликациите да ги достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: Булевар ИЛИНДЕН бр.82 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 29.06.2022 година до 15:00 часот, со назнака: “Пријава за учество на конститутивно собрание на млади на Град Скопје“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања