„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Oбјавeн конкурс за откуп на фотографии на тема "Винтерленд во Скопје"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
47680811_322446588594440_7055429234830868480_n

Врз основа на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје за 2018 година.(„Службен гласник”на Град Скопје бр.2,3/2011 година), Град Скопје објавува:

— реклама —

КОНКУРС ЗА OТКУП НА ФОТОГРАФИИ

— реклама —

НА ТЕМА: ВИНТЕРЛЕНД ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ

Право на учество на Конкурсот имаат сите заинтересирани физички лица, согласно утврдените барања:

1. Доставените фотографии треба да се изработени од аматер/хоби фотограф

2. Доставените фотографии треба да се изработени во дигитален формат, со висока резолуција (мин 1200х1800)

3. Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, каталози, списанија или да учествувале на други конкурси,

Техичко-уметнички критериуми

- Да се долови новогодишната атмосфера и енергија

- Естетика на фотографијата.(Фотографијата ќе се оценува според композицијата.Начинот на којшто се вклопени фотографираните елементи, кои треба да прават успешна целина во уметничка смисла).

- Светлото во фотографијата .(Фотографијата не треба да биде премногу темна , нити премногу светла.Фотографијата мора да има доволно видливи детали).

- Напредни естетски детали-(тоналитет, форма, текстура, ритам, баланс,движење и сл).

4Ќе бидат откупени 3 (три) фотографии, и тоа по следниве износи:

1. 6,000 денари

2. 4,000 денари

3. 2,000 денари

Град Скопје ќе склучи договор на свој трошок со учесниците на Конкурсот од кои ќе бидат откупени фотографиите, со кои ќе се регулираат меѓусебните права и обврски во согласност со важечките прописи во Република Македонија а особено прашањата за регулирање на авторските права.

Сите доставени фотографии ќе бидат изложени на мини изложба организирана на Винтерленд во почетокот на 2019 година.

Доставените фотографии што нема да бидат откупени ќе може да се подигнат во рок од еден месец по објавувањето на резултатите од Конкурсот.

Изборот на фотографиите ќе го изврши Комисија формирана од Град Скопје, според критериумите утврдени во Конкурсот

Секој кандидат своите фотографии треба да ги достави на ЦД, во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката “не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со шифра, а другиот со документација со иста шифра што ја содржи документацијата и идентификацијата на испраќачот.

Адресата на која треба да се достават предлог фотографиите е:

Град Скопје

Сектор за локален економски развој

бул. „Илинден” бр. 82, 1000 Скопје

Со назнака „за Конкурсот за откуп на фотографии“

Или лично, во Архивата на Град Скопје.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. (02) 3297-218, секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Град Скопје, барака бр. 6, канцеларија бр. 1 - Одделение за туризам.

● Конкурсот трае 5 дена, од денот на објавувањето.

● Пријавите за Конкурсот кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат земени во предвид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања