Објавен Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин

Националната установа Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ го распиша годинашниот Конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга објавена на македонски јазик меѓу две фестивалски изданија, во периодот од 1 јуни 2021 до 31 мај оваа година.

— реклама —

На Конкурсот, кој ќе трае до 25 јули, како што е наведено, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде што поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик.

— реклама —

– Пријави може да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот, а еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови. Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик. Можат да бидат пријавени само дела од еден автор, додека коавторски дела се неприфатливи. Книгите мора да имаат ISBN-број – стои во Конкурсот на СВП.

— реклама —

Авторите или издавачите за учество на Конкурсот мора да испратат шест примероци од книгата на адреса: НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“, поштенски фах 111, „Браќа Миладиновци“ бр. 5, 6330 Струга, Република Северна Македонија.

Текстот на Конкурсот е достапен на веб-страницата на „Струшки вечери на поезијата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања