„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот - Предлози за нови граници на Балканот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
jansa-1

Словенечкиот портал „Нецензурирано“  го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија.

— реклама —

Документот, кој крена прашина во регионот во последните денови, зборува за идеи за распарчување на Босна и Херцеговина, присоединување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија, а се шпекулира дека словенечкиот претседател Јанез Јанша го испратил нон-пејперот до Брисел.

Никој официјално не потврди дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, добил документ со таква содржина од Словенија. Но, неофицијален дипломатски документ, кој предвидува распад на Босна и Херцеговина, присоединување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија, всушност постои, пишува „Нецензурирано“.

— реклама —

Според информациите на словенечкиот портал, документот со наслов „Западен Балкан – патот напред“ бил примен од кабинетот на Шарл Мишел во февруари.

Кој го напишал не може официјално да се знае. Според словенечките новинари, тоа сигурно не било напишано во словенечкото Министерство за надворешни работи.

Според некои информации, дел од неговата содржина може да биде напишана во Будимпешта. Меѓутоа, во дипломатските кругови во Брисел тој се нарекува словенечки документ бидејќи кабинетот на Јанша наводно учествувал во испраќањето на разни адреси.

извор: Макфакс 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања