Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Објавена јавна набавка за изработка на архитектонско урбанистичка планска документација за Дом на спортови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dom-za-sportovi

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, на електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки објави тендер за изработка на архитектонскоурбанистичка планска документација за објект Дом на спортови во Скопје на ГП 1.7 локалитет И14 во општина Аеродром.

— реклама —

Оваа јавна набавка е согласно планот за јавни набавки на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката. Право на учество имаат сите странски и домашни правни или физички лица или група такви лица-понудувач кои се регистрирани за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот. Рангирањето на понудувачите ќе се врши според квалитетот на понуденото решение и цената на понудените цени.

— реклама —

Изградбата на Домот на спортови е клучен проект во делот на спортската инфраструктура со цел обезбедување услови за непречена работа,функционирање на спортските федерации и подигнување на спортскиот стандард и условите за работа на спортските субјекти во државата. Домот на спортовите ќе се гради на територија на општина Аеродром и за таа намена во првата фаза се обезбедени 75 милиони денари од Буџетот на Република Северна Македонија, а останатите средства ќе се обезбедуваат етапно.

— реклама —

фото: Архива

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања