Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Објавени илјадници документи со сексуалниот престапник Епштајн, се споменуваат Трамп и 14 годишно девојче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Американското Министерство за правда го објави првиот дел  документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн. Досиејата содржат фотографии, видеа и истражен материјал. Конгресот донесе закон со кој се бара нивно целосно објавување.

Во документите се и голем број познати имиња, меѓу кои поранешниот американски претседател Бил Клинтон, британскиот принц Ендру и музичарите Мик Џегер и Мајкл Џексон, објави Би-Би-Си .

— реклама —

Има и документи во кои се споменува американскиот претседател Доналд Трамп, на кого Епштајн наводно му претставил 14 годишно девојче и го прашал:,,Ова е добро, нели?“

Трамп наводно се насмевнал и кимнал со главата во знак на согласност.

— реклама —

Во тужбата поднесена во 2020 година против имотот на Епштајн стои се дека „двајцата се смееле“ и дека девојчето се чувствувало непријатно, но „во тоа време било премногу мало за да разбере зошто“.

— реклама —

Министерството за правда на САД ќе објави „неколку стотици илјади документи“ од предметите поврзани со Џефри Епштајн, потврди заменик-државниот обвинител Тод Бланш, но не и сите, поради заштита на жртвите.

Ова предизвика остри реакции и револт.Демократскиот лидер Чак Шумер го обвини Трамп дека намерно го прекршува законот потпишан токму од него. Ова е обид да се скрие вистината, рече тој, барајќи итна интервенција на Конгресот.

— реклама —

Заменик- државниот обвинител рече дека се очекува дополнителни документи да бидат објавени во наредните недели.

,,Денес неколку стотици илјади, а потоа во следните неколку недели уште неколку стотици илјади“, изјави заменик-обвинителот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања