Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Објавени успните рокови на универзитетот св. Кирил и Методиј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

На 29 и 30 август на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”-Скопје е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната  2019/2020 година.

— реклама —

Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10 665 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има  5387 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4248 и за вонредни студенти слободни се 1030 места.

— реклама —

Како и во минатите години, надоместот што го плаќаат редовните е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра.

За да конкурираат за студии, кандидатите треба да имаат положено државна матура. Критериумите и условите за упис се содржани во Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ.

— реклама —

Вториот уписен рок на УКИМ е на 12 и 13 септември, а  третиот рок на факултетите каде што ќе останат слободни места е на 25 септември.

— реклама —

Согласно со Закон за високото образование донесен минатиот мај, учебната година за студентите почнува на 1 октомври.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања