Промени тема
Контакт

Објектите на ЈДГ „Весели цветови“ го одбележаа Светскиот ден на љубезноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
IMG-317bc4815d803c7887de9a672ca713fb-V

Во сите објекти на ЈДГ „Весели цветови“ од Кисела Вода, вчера беше одбележан Светскиот ден на љубезноста.

Дечињата преку разни забавни игри, детски песни и креативни изработки, учеа што е љубезност. Тие со помош на своите негувателки и воспитувачки, се потсетија на зборовите преку кои можат да искажат љубезност, научија во кои ситуации како треба да се однесуваат, што треба да направат за другите околу нив да се чувствуваат задоволни.

— реклама —

Покрај ова, во објектите на „Весели цветови“ беше одбележан и Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичките сили. Децата научија и нешто повеќе за историјата на својот град.

Општина Кисела Вода ја поздравува едукативната активност на ЈДГ „Весели цветови“.

— реклама —

Општината порачува: Со љубезно однесување, ќе придонесеме околу нас да има повеќе среќни, исполнети лица. Љубезноста да ни биде секојдневие.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања