Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Објевен портрет за Блаже Конески во грчкото списание „Карта“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Koneski

Новинарот и писател, Томислав Османли, преку неговиот фејсбук-профил ја пренесе информацијата дека грчкото месечно електронско списание за литература „Карта“ ("Χάρτης", Νο.18, Ιούνιος 2020) објави извонреден портрет на Блаже Конески насловен „Житија на Блаже Конески“ ( Συναξάρια του Μπλάζε Κόνεσκι ), проследен со преводи на седум песни од поетската ризница на нашиот најистакнат книжевник и лингвист, именувајќи го „корифеј на духовниот живот на соседна Северна Македонија“.

— реклама —

„Уредништвото изразува жалење што преводите се посредувани, направени преку англиски преводи на поезијата на Конески, додавајќи: „бидејќи не знаеме македонски, а со цел песните на Конески да стигнат до грчкиот читател, овој избор беше направен и покрај неговите очигледни ограничувања“. Пријателски интонираниот текст - илустриран со сјајниот портрет на акад. Конески дело на акад. Димитар Кондовски - завршува со изразување надеж „дека наскоро ќе има преведувачи кои ќе се заложат да ја препорачаат работата на Конески во нашата земја директно од оригиналот“. Независно од напишаното преводите се многу добри. За поздравување се, особено, благородноите намери што стојат зад оваа бележита објава на нашите грчки колеги по чисто книжевно перо и по искрена καλοκαγαθία“,  напиша Османли на ФБ.

— реклама —
— реклама —

фото: PRTSC

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања