Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Облачно со дожд и температури до 17 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
275180188_702022164305716_6556894355017446137_n

Денеска времето ќе биде претежно облачно, со услови за слаб локален дожд во претпладневните часови во источните делови од земјата, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

— реклама —

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурите ќе се движат од минимални 0 до 6 степени, до максимални дневни вредности меѓу 12 и 17 степени.

— реклама —

Во Скопје претпладне ќе има услови за слаб дожд, по што времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 5 до 16 степени.

Во наредните денови следува краткотрајна стабилизација на времето. Во недела ќе преовладува умерено облачно време со повеќе сончеви периоди, додека во понеделник ќе биде претежно облачно со повремени сончеви интервали, особено во централните делови од земјата.

— реклама —

Од вторник повторно се очекува промена, со период на облачно време и врнежи од дожд, најпрво во западните и северните делови, а потоа и низ целата држава.

— реклама —

Во среда и четврток ќе преовладува облачно време со слаби врнежи на повеќе места, кои ќе бидат пообилни во четврток, кога се можни и ретки грмежи. До тогаш ќе дува југоисточен ветер, кој во понеделник и вторник повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2p8ha6jqnkijdbEpKXD

Променливо облачно време, во западните делови можен слаб дожд

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryc5salpee8lb74TKCv98

Облачно со локални врнежи, во Скопје максимална температура до 12 степени

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhbpbp3fdic45cnJD1Cy

Променливо облачно време, попладне можен дожд во западните делови

Македонија | пред 3 дена

media-library2p8ha6jqnkijdbEpKXD

Облачно време со дожд и северен ветер, температурите до 14 степени

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања