Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, а вдолж Повардарието со врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни, (локално над 30 л/м2). особено во ноќните часови. На планините снежната покривка позначително ќе се зголеми (20 до 30 см), а нова ќе се формира и во некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје, облачно време со повремени врнежи од дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе преминат во снег. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.