Облеката која Русковска ја зема од Боки 13 во 71 вреќа е купена во 2013, тврди адвокатот Дуковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
boki-13

Адвокатот Сашо Дуковски кој го застапува Бојан Јовановски познат како Боки 13 пред судот за случајот „Рекет“ вели дека гардеробата која ја заплени обвинителката Вилма Русковска била купена во 2013 година, а не во 2017 и 2018 година. Дуковски вели дека од домот на Боки 13 во елитната населба во Орман, била одземена 71 вреќа, полни со гардероба.

— реклама —

„Овој предмет нема да добие пресуда, бидејќи нема докази против обвинетите. Се што има е мислење на обвинител. Ова е прв пат во нашата држава, да се отвори постапка врз база на едно мислење“, рече Дуковски во одбрана на Боки 13.

— реклама —

Адвокатот е дециден дека ќе докаже оти Боки 13 со земените пари не купил облека, како што тврди Обвинителството.

— реклама —

По отворањето на предметот „Рекет“, Обвинителството направи претрес во станот на Бојан Јовановски – Боки 13, кој е првоосомничен, и во домот на неговите родители, како и во канцеларијата што ја користел во 1ТВ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања