Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Обнова на валандовската градинка „Калинка“ – подобри услови за над 140 дечиња и заштеда на енергија од 70%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
kalinka

Промена на кровната конструкција, изведба на термо фасада, енергетско ефикасна столарија, поставување на сончеви колектори за производство на електрична и топлинска енергија, замена на системот за парно греење, реконструкција на санитарните јазли, како и поставување на нови подни површини. Ова се градежните активности кои се вршат во детската градинка „Калинка“ во Валандово која се очекува да се реотвори до крајот на годината.

„Ние како општина вложуваме за нашите сограѓани. Конкретно за градинката, конечно децата и воспитувачите заслужуваат пријатна атмосфера и подобри услови. Оваа градинка датира од 1980-та година и има капацитет за 180 деца, веруваме дека ова ќе биде пример и за остантите општини да инвестираат во нивната иднина“ рече Перо Костадинов, градоначалник на општина Валандово.

— реклама —

Вкупната инвестиција во градинката „Калинка“ изнесува 388 илјади евра, а Министерството за локална самоуправа кофинансира 15% од вкупната сума.

— реклама —

„Министерството за локална самоуправа го кофинансира проектот преку ИПА прекуграничната програма на Европска Унија помеѓу нашата земја и соседна Грција, а носител на проектот е општина Валандово. Навистина ни е драго што ќе може оваа градинка да ја реотвориме до крајот на годината“ додаде Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

— реклама —

По завршувањето на реконструкцијата градинката ќе торши 70% помалку енергија и ќе нуди целосно подобрени услови за дечињата. Обновата е дел од проектот „Евалуација на мерки за енергетска ефикасност“.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања