Обожавател на Гвинет Палтроу ќе има можност да помине една ноќ во нејзината куќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
gvinet-paltrou

Американската актерка Гвинет Палтроу (50) рече дека еден среќен обожавател ќе има можност да помине една ноќ во нејзината куќа во Калифорнија. Идејата за ваквиот вид на наградна игра ја добила во соработка со Airbnb, а станува збор за гостинска куќа во Монтесито, која е позната по плажите.

— реклама —

Покрај тоа, среќниот добитник ќе има целосна обиколка на резиденцијата. Палтроу објасни сè на „Инстаграм“.

— реклама —

„Осаменоста е човечка состојба, но во изминатите неколку години зголемената изолација и недостатокот на чувство за заедништво уште повеќе ги фрагментираат нашите животи. Airbnb имаше идеја како да го направи светот помалку осамен, па затоа ве поканувам да дојдете да спиете во мојата гостинска куќа во Монтесито на една ноќ “, рече актерката.

— реклама —

Палтроу е позната по улогата во филмовите „Ајронмен“, а со турнејата вети целосен пристап до базенот, винарска визба и ручек со неа и сопругот во луксузната кујна. Можноста за сите ќе се отвори во вторник на 15 август, а слободниот термин е 9 септември годинава.

Палтроу неодамна рече дека тајната за среќниот брак е што со сопругот живеат одвоено и на тој начин, како што изјавила, одржуваат здрава врска. Одвоеноста им помага и на неа и на продуцентот Бред Фалчук, да ја одржат врската жива.

Фалчук ​​поминува три ноќи неделно во својата куќа и четири ноќи со Палтроу, а се чини дека аранжманот функционира совршено за двајцата.

За потсетување, Палтроу неодамна беше на суд откако пензионираниот лекар Тери Сандерсон (76) ја обвини дека го удрила додека скијала во одморалиштето Deer Valley во Парк Сити, во Јута. Сандерсон рече дека се судрила со него и дека имал повреда на мозокот, четири скршени ребра и други сериозни повреди.

Судењето меѓу актерката и пензионираниот лекар трае од 2016 година, а пресудата беше изречена на крајот на март. Поротата одлучи дека актерката не е виновна за инцидентот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screen-Shot-05-15-20-at-02.07-PM

Ќерката на Гвинет Палтроу под истрага, организирала журка со голема група луѓе

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања