Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Обуката за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажните сестри во Здравствениот дом Велес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC08057-2

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во регионалниот едукативен центар во Здравствениот дом Велес ја отвори обуката за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажни сестри, во организација на Министерството за здравство, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и во соработка со Симулацискиот медицински центар на Република Северна Македонија.

— реклама —

„Со оваа обука, здравствените услуги ги доближуваме поблиску до граѓаните, преку добивање на здравствена заштита и услуга во домот. Патронажните сестри се клучни, затоа што тие работат во заедницата, со семејствата, со поединецот“, изјави министерот Филипче.

Врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за здравство е остварување на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации, како и значењето на декларацијата од Астана, со посебен фокус на примарната здравствена заштита.

— реклама —

Обуките за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажни сестри ќе се спроведуваат во сите јавно здравствени установи низ државата. Во подготовка се стандардните оперативни постапки во патронажа, како и општите и специфични интервенции и подготовка на правилникот за патронажа.

Кочани е првата општина во која почна да се реализира мобилен сервис за грижа во домашни услови, во септември 2018 година. Интегрираните услуги за нега на Министерството за здравство добија позитивна оценка од Светската здравствена организација и опишани се дека го поттикнуваат унапредувањето на здравјето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања