Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Обвинение за босански државјанин, за насилство врз жена со која требало да се венча во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторени кривични дела   Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, државјанин на Босна и Херцеговина,  при вршење семејно насилство телесно ја повредил и противправно ја држел затворена оштетената со која живеел во вонбрачна заедница во Кралството Шведска .  Обвинетиот и оштетената во мај 2019 дошле во Република Северна Македонија за да склучат брак.

— реклама —

Зеле под закуп стан во Скопје во кој обвинетиот, вечерта на 23 мај во 23.00 часот, ја заклучил оштетената по што го фрлил клучот и го одзел мобилните телефони за жртвата да не може да бара помош.  Потоа  започнал да ја удира и турка оштетената. Поради дејствијата на обвинетиот кои траеле до 5.30 часот изутрината, оштетената се здобила со видливи повреди по телото.

— реклама —

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор, која беше определена од страна на Судија на претходна постапка на 25 мај 2019 година.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања