Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Обвинение за единаесет членови на група за криумчарење мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kriumcharenje-migranti

По спроведена истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, достави Обвинителен акт против 11 лица. На лицата им се става на товар дека во периодот од декември 2019 година до октомври 2020 година во повеќе наврати како организатори или членови на група сториле кривично дело Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно дете и криумчарење на мигранти по чл. 418 – в и кривично дело – Криумчарење на мигранти по чл. 418-б ст.2 од Кривичниот законик.

— реклама —

Во наведениот период, со умисла и од користољубие обвинетите М.С.(49) и неговиот син С.С.(23), заедно со обвинетиот А.М.(47) и А.А. кој е недостапен на органите на прогонот, организирале група за вршење кривично дело – Криумчарење мигранти. Припадници на групата станале обвинетите Б.Ј.(23), М.М.(21), Д.С.(29), Т.М.(36), Ф.А.(26) и Д.Љ.(50) кои ги прифаќале и превезувале мигрантите, како и Т.К-Ц (53) и Ј.К.(23) кои остварувале чести контакти со обвинетите М.С. и С.С. во врска со извршување на кривичното дело криумчарење мигранти. Воедно, авто-сервисот во кој бил вработен обвинетиот Ј.К. бил користен за сервисирање на моторните возила со кои организираната група ги криумчарела мигрантите.

Групата за меѓусебна комуникација користела телефонски апликации на мобилни телефонски броеви од македонски и грчки мобилни оператори преку кои го договарале пренесувањето на лицата – илегални мигранти од територија на Р.Грција на територија на Р.С.Македонија. Дејствијата ги извршувале преку илегалните премини на т.н. „зелена граница“ во околината на Гевгелија и Дојран, каде мигрантите од претходно утврдени и договорени локации со патнички моторни возила ги превезувале до претходно извидени и договорени локации во кумановско-липковскиот регион. Таму, илегалните мигранти во организација на обвинетиот А.М. биле прифаќани, засолнувани и времено сместувани во објекти на неидентификувани лица, соработници и помагачи на организираната група, а потоа криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ.

— реклама —

Заради начинот и мотивот на извршување на кривичното дело особено околноста што ова кривично дело има меѓународен елемент во извршувањето и поврзаност на извршители од повеќе земји, обвинителството во рамките на Обвинителниот акт до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог со кој се предлага продолжување на мерката притвор за обвинетите М.С., С.С., М.М., Д.С., Д.Љ. и А.М. и мерката куќен притвор за Т.К-Ц., Ј.К., Т.М. и Ф.А. За обвинетиот Б.Ј. мерката притвор за кривично дело – криумчарење мигранти е претходно определена.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања