Обвинение за Французин за шверц на марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
UaYct-

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, со двојно косовско и француско државјанство, на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

— реклама —

„Лицето беше задржано на 14.10.2018 година, при излез од Република Македонија на Аеродромот Скопје, откако при царинска проверка кај него беа пронајдени околу 2,9 килограми наркотична дрога – марихуана. Дрогата ја пронашле царинските службеници, во црна торба која осомничениот ја пријавил како багаж и тоа спакувана во три одделни пакувања“ се наведува во соопштението.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител, заедно со Обвинителниот акт, до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за осомниченото лице, со оглед на тоа што се уште постојат причините заради кои оваа мерка беше првично определена, односно постои опасност од бегство на лицето доколку се брани од слобода.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања