Обвинение за групата на Шеваљ кој е во Дубаи: подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде убиен!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица.

— реклама —

Според описот наведен во првиот дел од диспозитивот на Обвинителниот акт тројца од обвинетите како припадници на организираната меѓународна криминална група извршиле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 од Кривичен законик. Тие како припадници на организирана меѓународна криминална група, заедно со други лица од кои дел се осомничени во предметот и се недостапни на органите на прогонот, дел се починати, а дел веќе осудени, заеднички делувале, секој во својата улога на неовластена набавка, пренесување, држење, продажба и посредување во купопродажба. Во повеќе наврати во текот на 2020 година овие тројца обвинети биле инволвирани во неовластено купување на 15,005 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава.

— реклама —

Меѓународната криминална група чии припадници се обвинетите, делувала во временскиот период од 14.06.2019 до 09.03.2021 година при што во повеќе наврати спровела неовластено купување на наркотична дрога – кокаин од земјите од Јужна Америка, организирајќи го и нејзиното пренесување преку воден пат до Европските земји. Неовластеното пренесување на наркотичната дрога – кокаин наменета за неовластена продажба во Р.СМакедонија од Кралството Белгија и од Р.Албанија преку Косово го договарал и организирал еден од осомничените во предметот – недостапен на органите на прогонот кој е организатор на групата во РСМакедонија.

— реклама —

На останатите двајца обвинети им се става на товар дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394 ст.3 и Убиство од чл.123 ст.2 т.5 од Кривичен законик. Имено, во временскиот период од декември 2019 до март 2021 година, осомничениот организатор на погореспоменатата криминална група кој е во бегство, заедно со уште едно лице недостапно на органите на прогонот и двајца починати создале криминална група која имала за цел вршење на кривично дело Убиство од одмазда и по порачка. Припадници на групата покрај двајца починати станале и двајца осомничени во предметот – недостапни на органите на прогонот, како и двајцата обвинети. Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде лишен од живот. Одлуките ги спроведувале лично или преку припадниците на организираната криминална група, кои ги прифаќале и спроведувале, а договорите, налозите и упатствата биле пренесувани во непосредни контакти или преку енкриптирани телефони на кои била инсталирана апликацијата “SKY“. Така, организаторите врз основа на претходни сознанија во кои биле цврсто убедени, дека едно лице наводно е учесник и предводник во престрелката во Хотел „Александар Палас“ во Скопје, каде со употреба на огнено оружје било пукано кон дел од членовите на групата, започнале да прават план за лишување од живот на лицето. Откако донеле одлука да го убијат ги ангажирале двајцата обвинети и уште едно сега починато лице, давајќи им налог да го следат неговото движење. По неколку неуспешни обиди на 5.3.2021 година, обвинетите и сега починатиот употребувајќи светлосни сигнални уреди – флешери го запреле возилото во кое се наоѓало лицето кое им било цел со уште три други лица и со употреба на автоматско оружје и пиштол го лишиле од живот , притоа убивајќи уште едно лице кое седело зад него.

Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и посебен предлог на обвинетите да им се продолжи мерката притвор заради постоење на можност обвинетите да се дадат во бегство или да го повторат делото.

Наредбата за спроведување на истражна постапка беше донесена во јануари против 15 лица. За четири лица кои се недостапни на органите на прогонот, обвинителството преку Министерството за правда ги има преземено сите неопходни активности согласно Законот за меѓународна помош во кривична материја. Така, за две лица се доставени документи за екстрадиција до Обединетите арапски емирати, за едно лице до Р. Хрватска и за едно лице до шпанските власти. Постапките за екстрадиција се водат согласно процесните закони на државите во кои се наоѓаат осомничените лица и за нив истражната постапка ќе продолжи по нивното обезбедување, како и за останатите осомничени.

Нема фотографија

Познати убиствата за кои се сомничи групата на Шеваљ од Грчец, како и кои се лицата и нивните меѓусебни релации

Три убиства, еден обид за убиство и транспортирана дрога како за Македонија, така и земјите во Европска унија. Ова се делата за кои се сомничи групата на Шеваљ Муареми, кој е во бегство, а според истрагата се наоѓа во Дубаи повеќе месеци. Членови биле девет лица, од кои шест се уапсени во Скопје, едно во Шпанија. Оваа група е позната како „нарко бандата од Грчец“.Меѓу уапсените е Неџати Исени ,44 години, за кого и во минатото имало постапки поради трговија со дрога. Потоа и Севдал Азири, 44 години, советник  во Општина Шуто Оризари од редовите на Алијанса на Албанците. Извесен Мухамед Чајани кој има 27 години.На листата уапсени е и Фадил Бајрамовски, кој има 45 години, а му е прв братучед на ликвидираниот Орхан Бајрами – Оки, убиен во Грција. Бајрамовски е осудувано лице во велешкиот суд, токму поради продажба на хероин. Тој во 2015 година добил 5,5 години затвор.Уапсен е и Оливер Петров, 43 години, кој бил во кумски релации со првиот човек на бандата, Шеваљ Муареми. Петров и досега е осудуван, и тоа за пукањето кон Александар Верушевски пред 15 години, кога доби една година затворска казна.Уапсени се и Шуајб и Фати Сулејмановски. Шуајб има 40 години, додека Фати има 43 години.Член на групата според истрагата бил и Шукри Асани кој има 27 години. За него се шпекулираше дека имал и дозвола за поседување на оружје. Има криминално досие, како за продажба на кокаин, така и за предизвикување општа опасност. Со лисици заврши и Енсар Исеини кој има 25 години.За кои убиства се сомничатВо 2020 година, во селото Горно Матка беше најдено тело на албански државјанин, кој бил убиен. Тој бил закопан во дупка, на место кое е тешко пристапно, а ретко има движење. Откопан бил од диви животни, а препознавањето дека станува збор за него е според обележје кое убиениот го има на телото.Групата на Шеваљ и тој самиот, се поврзуваат и со двојното убиство во Топанско поле. Таму во 2021 година беа ликвидирани Африм Бериша и Бурим Вардари. Тие имаат 24 и 28 години. Кон нив беше пукано додека се движеа со возило „цитроен“.Истрагата утврдила дека тие стојат и зад обидот за ликвидација на Борис Мутков – Фантом од 2019 година. Обидот за убиство се случи во скопско Бардовци, а кон Фантом беше пукано додека тој се движеше со автомобил.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања