Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Обвинение за извршени кражби во Скопје​

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје  поднесе Обвинителен предлог против две лица кои како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, скопјани на возраст од 27 и 43 години, со умисла извршиле две временски поврзани дејствија, искористувајќи ист траен однос и  исти прилики што претставува повеќекратно освтарување на кривичното дело – тешка кражба. Тие на 2 јули 2020 година, околу 1.00 часот, со погоден алат – токмак го искршиле долниот дел од заштитниот ѕид на затворена просторија од магацин – тезга и одзеле туѓи подвижни предмети, облека, во вкупна вредност од 21.420,00 денари. Истиот ден , околу 3.00 часот го провалиле и магацинот – тезга на второ оштетената од каде, со намера противправно да ја присвојат, одзеле облека во вкупна вредност од 180.480,00 денари.

— реклама —
— реклама —

При напуштање на местото со украдената облека спакувана во најлонски ќеси, обвинетите биле фатени од надлежни полициски службеници.

— реклама —

Со поднесениот Обвинителен предлог, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за едно од обвинетите лица, а за другото обвинето лице предлог за продолжување на веќе определената мерка куќен притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетите и можност за попречување на натамошната постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања