Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Обвинение за ќерката која ги уби родителите и сестрата во Дебар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
20180906072250

— реклама —
Блерта Поцеста, која беше осомничена дека минатото лето со пиштол ги застрела своите родители, а потоа ја убила и својата 13-годишна сестра во Дебар, ќе одговара за убиство, бидејќи Обвинителството во Гостивар поднесе обвинение. Обвинителен акт е поднесен и за нејзини двајца познаници, кои обвинителството ги теретио за сооучесници.

— реклама —
-Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица кои се товарат дека биле инволвирани во убиство на тричлено семејство во Дебар.

По сеопфатна истражна постапка, обвинителството обезбеди докази дека првообвинетата сторила кривично дело – Убиство од чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, додека другите двајца обвинети за помагање при извршување на истото кривично дело.

На 26.08.2018 година, во семејната куќа во Дебар, обвинетата пукајќи од непосредна близина со пиштол со калибар 7,65мм најпрвин ги лишила од живот сопствените мајка и татко, а потоа и малолетната сестра. Другите двајца обвинети со умисла и помогнале во извршувањето и прикривањето на кривичното дело.

Еден ден пред извршувањето на кривичното дело, првообвинетата телефонски контактирала со второобвинетиот и се сретнала со него во Гостивар. Второобвинетиот изнајмил возило и заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје. Истиот ден, во близина на градската болница во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми.

По извршувањето на кривичното дело, обвинетата се упатила во Струга, каде се сретнала со второобвинетиот и му ги дала клучевите од изнајменото возило да го врати во Гостивар. Обвинетата со такси отишла на аеродромот во Скопје од каде со авион заминала за Република Италија.

Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетите лица, информираат од Обвинителството.

Тројното убиство се случи на 27 август во семејната куќа на семејството Поцеста, при што беа убиени 55- годишниот Амит, 53- годишната Назмие и 13-годишната Анила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања