Обвинение за поседување наркотична дрога и оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
marihuana

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека ги сторило кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 15 јануари, во куќа во сопственост на таткото на 48-годишниот обвинет во Сингелиќ, биле пронајдени 14 килограми и 131 грам марихуана спакувани во 39 пакувања, како и 4 литри хашиш масло. Освен ова, полициските службеници при претресот пронашле и еден пиштол марка „Црвена застава“ со калибар 9мм Para, две рамки и вкупно 57 куршуми од истиот калибар.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постои реална опасност тој да се даде во бегство и можност да го повтори делото.​​

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања