„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Обвинение за поседување оружје, муниција и дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
oruzje-i-heroin

По сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 30-годишен скопјанец за сторени  кривични дела  – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1  и  Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Кај обвинетиот  при извршен преглед на 9 октомрви во близина на трговскиот центар „Мавровка“ биле пронајдени 19,47 грама марихуана.  Истиот ден, при претрес во неговиот дом на улица „Волгоградска“, било утврдено дека тој кај себе држел поголемо количество оружје и муниција – еден пиштол марка „P.Beretta 950 B” со калибар 6,35,  еден револвер „ZBROJOVKA MODEL GRAND“ калибар 38Special  и поголемо количество муниција – шест куршуми – муниција со калибар 6,35 наменета за испалување од огнени оружје – полуавтоматски пиштоли, 15 куршуми муниција со калибар 38 Special наменета за испалување од огнено оружје – револвер, како и 322 куршуми – муниција со калибар 7,62Х39 мм наменети за испалување од огнено оружје.

Надлежниот јавен обвинител заедно со Обвинителниот акт до Основниот кривичен суд Скопје достави посебен предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот, бидејќи ценеше дека постои опасност од бегство, дека е можно осомничениот да го повтори кривичното дело, како и дека постои оправдан страв дека ќе ја попречува постапката со влијание врз сведоци.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања