Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Обвинение за разбојништвото во заложна куќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pistol-vperen

— реклама —

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат за сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетите како соизвршители, по претходен договор, на 19-ти септември во  заложната куќа „Астра кредити“, на улица „Лондонска“ во Скопје, одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Откако влегле во објектот, околу 11.50 часот, едниот од нив држејќи во рака пиштол, кој всушност е запалка „Pietro Bereta“, побарал од оштетениот – вработен во заложната куќа, да го отвори сефот и да ги извади парите. Оштетениот постапил по ваквата наредба, го отворил сефот и на обвинетите им дал 120.000 денари. По ова, вториот обвинет се приближил до сефот и го зел остатокот од 180.450 денари кои се наоѓале внатре. Двајцата обвинети потоа го напуштиле местото со мотор кој бил паркиран во близина на заложната куќа.

Со цел непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави посебен предлог за продолжување на претходно определениот притвор за двајцата обвинети.

— реклама —

— реклама —

...

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања