Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Обвинение за возачот на моторот кој го усмрти Југо на пешачката патека на Вардар: Го прегазил и избегал, го оставил и сопатникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
jugo

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за тешки кривични дела во сообраќајот, по сообраќајна несреќа со смртни последици што се случила на 1 јули 2025 година во вечерните часови во центарот на Скопје.

— реклама —

Според обвинението, лицето управувало мотор „Кавасаки“ по пешачката патека на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, и тоа без да поседува возачка дозвола. Иако моторот се движел со брзина од 35 километри на час, надлежните утврдиле дека тоа е небезбедна брзина за условите – пешачка зона на која не смее да се вози моторно возило.

Обвинетиот не успеал да го запре моторот навреме и удрил во 67-годишниот пешак Југослав Николовски. При ударот, повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да им помогне, обвинетиот го оставил моторот и избегал од местото на несреќата.

— реклама —

Николовски со тешки повреди бил пренесен на Ургентниот центар, каде подоцна починал. Сопатникот на моторот се здобил со полесни повреди.

Обвинетиот се товари за две кривични дела:

Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, и

Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Обвинителството посочува дека во текот на истрагата се обезбедени доволно докази кои го потврдуваат обвинението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања