„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Обвинети се лицата кои играа оро за време на полициски час

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
oro

Гевгелиското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против 43 лица кои го сториле кривичното дело –  Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Од обвинетите, 30 лица се обвинети затоа што на 19 април 2020 година, за време кога во сила била забраната за движење, излегле од своите домови и на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Прилеп играле оро, на претходно пуштена музика. Обвинетите со тоа, постапиле спротивно на забраната за движење, односно полицискиот час и не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се предвидуваат мерки за спречување на натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од вирусот  COVID-19.

Останатите 13 лица, го сториле кривичното дело движејќи се пеш или со возила за време на полициски час.

— реклама —

Основното јавно обвинителство Гевгелија  ги достави предлозите со кои му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 10 евра во денарска противвредност.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања