Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Обвинети шест лица за неовластено изработување, држење,посредување и тргување со оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
oružje

По сеопфатна истражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против шест лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.

— реклама —

Во текот на месец октомври 2018 година, првообвинетиот како организатор, со уште тројца обвинети, создал организирана криминална група која до февруари 2019 година, неовластено изработувала, држела, продавала и посредувала во трговија со огнено оружје и муниција во поголемо количество. Првообвинетиот набавувал пиштоли за светлосна и звучна сигнализација од непознато место и му ги давал на второобвинетиот, кој во неговата работилница со употреба на пригоден алат неовластено изработувал огнено оружје. Тој ги вадел цевките што служат за испукување на гасен куршум и со дополнителна неовластена механичка интервенција монтирал метална жлебена цевка, со која овозможувал преправеното оружје да се употребува како огнено оружје за истрелување на проектили од пиштолска муниција обично со калибар 7,65мм. На ваков начин гасните пиштоли ги пренаменувал во огнено оружје кое може да се употребува за нанесување на тешки повреди со смртни последици.

Членовите на криминалната група потоа, пронаоѓале заинтересирани лица во земјава и го продавале огненото оружје за цена од 150 до 400 евра. Како купувачи се појавуваат осомничени и обвинети лица во други кривично – правни настани, а повремени купувачи се и двајца обвинети во овој предмет.

— реклама —

Со обвинителниот акт, надлежниот обвинител достави и предлог за одземање на огненото оружје, муницијата и средствата за нивно изработување, пренесување и растурање.​

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања