Обвинител ја контактирал Ивановска - распитот може да се одложи кога ќе завршат изборите!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
ivanovska

По објавата на социјалните мрежи на Билјана Ивановска – експретседателка на ДКСК и кандидат за градоначалник на Општина Центар – дека повикот за распит во Основното јавно обвинителство Скопје го добила само 11 часа по најавата на својата кандидатура, надлежен јавен обвинител телефонски ја контактирал и ѝ понудил, доколку смета дека распитот претставува форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите.

— реклама —

Од ОЈО Скопје соопштија дека постапуваат по приватна кривична пријава поднесена на 18 февруари 2025 година и дека преземаат дејствија за проверка на наводите. Како едно од дејствијата е испитување на лицето кое во периодот на кој се однесува пријавата ја извршувало функцијата претседател на ДКСК. Поканата за распит била испратена на 25 јули годинава, а од обвинителството нагласуваат дека таа не е поврзана со политичките активности на поканетата.

Ивановска во својата објава наведе дека синоќа во 20:30 часот двајца полицајци дошле да ѝ врачат кривична пријава, но не ја затекнале дома, по што утрото ја подигнала поканата од ОЈО Скопје. Таа е повикана на разговор на 19 август, а во јавната објава порача дека нема што да крие, не се плаши од притисоци и дека нејзината цел е борба против корупцијата и клиентелизмот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања