Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Обвинител од Вишо му се смилувал, Апелација го пушти Беким Незири од ДУИ на слобода, покрај упадот во М-НАВ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

Беким Незири од ДУИ кој упадна во М-НАВ од слобода ќе докажува дека нема вина, оти Вишо обвинителство дало предлог да му се уважи жалбата, а Апелација така постапи и му го укина куќниот притвор. Тој заедно со уште едно лице се единствени од осумте осомночени кои се на слобода.

“Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста, медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, информира дека постапувајќи по жалбите на осомничените А. Р и Б. Н двајцата од Скопје, во предметите КСЖ 63/24 и КСЖ.бр.59/24, донесе Решенија со кои жалбите на осомничените ги уважи, а решенијата на кривичниот совет на првостепениот суд ги преиначи, на начин што мерката куќен притвор ја укина, а ги остави во сила определените мерки на претпазливост, кои во овој момент претставуваат доволна гаранција за обезбедување на присуството на осомничените.

— реклама —
 Судот, ценејќи ги доказите приложени кон доставениот предлог за определување на мерка притвор, а имајќи предвид дека единствен доказ кој се однесува на осомничените е потврдата за привремено одземени предмети  како и наводите во изјавената  жалба на ОЈО Скопје против Решението на судијата на претходна постапка и образложението на обжаленото решение, оцени дека во истите не се приложени докази ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат.

— реклама —

При одлучувањето овој суд ги имаше во предвид и дадените предлози на Вишото јавно обвинителство Скопје со кои се предлага да се уважат жалбите на осомничените”, велат од Апелација.

— реклама —

Претходно, две лица добија ефективен притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања