Измените на Кривичниот Законик, покрај скриената амнестија за обвинетите функционери кои се гонеа за ,,Злоупотреба на службената положба и овластување”, во иднина дополнително ќе им ги врзат рацете на инспекторите и обвинителите, бидејќи покрај скратување на роковите за постапување и ограничување на притворот на само 8 дена, им се кратат и други ,,алатки”, со кои полесно се докажува криминалот, пишува “Фокус”.
ПИ-Мерките отпаѓаат поради намалената казна. Бидејќи ова дело најчесто оди во ,,пакет” со друго кривично дело, од тоа ќе зависи дали ќе постои можност за следење на комуникациите на злосторниците.
На пример, отсега политичарите кои ќе крадат и мамат на избори, односно ќе бидат гонети за изборни манипулации, нема да имаат страв од ПИ-Мерки. Ќе можат слободно по телефон да се договараат за криминалните активности. За да биде појасно, доколку сега се води истрага за предметот ,,Титаник” на СЈО, рацете на обвинителот ќе бидат врзани, односно нема да може повеќе со употреба на посебни истражни мерки да прибира докази.
ПовеќеПовеќе