Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Обвинителката Ивана Трајчева e унапредена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2022-01-25-at-10.04.42

Обвинителката Ивана Трајчева, која беше казнета поради претресот на ексдиректорот на Финансиска полиција е новиот раководител на полициското одделение во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Одговорност од неа, Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска побара поранешниот републички обвинител Љубомир Јовески, а по неговото пензионирање, шефот Ислам Абази и ја довери функцијата. Во нејзиниот тим се уште две обвинителки кои се задолжени за гонење на лица кои имаат полициски овластувања.

„Основниот јавен обвинител Ислам Абази за раководител на Специјализирано одделение за гонење на кривични дела извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција ја назначи обвинителката Ивана Трајчева, a по предмети во ова одделение постапуваат и јавните обвинители Валентина Бислимовска и Оливера Проеска“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“.

— реклама —

Казнувањето на Трајчева помина низ многу контроверзии. Обвинителката, заедно со нејзината тогашна шефица Вилма Русковска и обвинителката Елизабета Јосифовска беа предмет на дисциплинска постапка. Русковска се јавила кај Трајчева и дала насоки да се направи налог за претрес кај Арафат Муареми поради сомнежи за злоупотреби, а потоа да и го даде на Јосифовска да го потпише и поднесе во суд. Трајчева ја послушала нејзината надредена и тоа го направила. Јосифовска пак, го потпишала.

— реклама —

По ова, дисциплинската комисија не лоцираше вина кај Јосифовска, која беше унапредена во шефица на Обвинителството во Гостивар, а пак Русковска ја разреши, а Трајчева ја казни со намалување на плата.

— реклама —

Обвинителката Трајчева е позната во јавноста по неколку предмети што ги водеше, како што се гонењето за „Софтвери“ против Драги Рашковски, „Еразмус“, „Спец каса“, „Шпански скали“, „Организатори на 27 април“, „Рекет“, „Меѓународен сојуз“.

Претходно, судирот меѓу Вилма Русковска и ексдиректорот на Финансиската полиција, Арафат Муамери, резултира со дисциплинска постапка за обвинителките. Тој обвинуваше дека претресот во неговите канцеларии не бил во согласност со законот. Дисциплинска беше отворена по предлог на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој сметаше дека има низа пропусти во случајот откако Муареми испрати претставка за претресите во Управата и обвини дека е нарушен и неговиот углед и на институцијата со која раководи. Русковска беше и суспендирана од работа, а за тоа рече дека оваа атака ја доживува како удар и врз правото и правдата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања