Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Обвинителката Трајчевска уште чека вештачења за загинатиот Лешко: На прашањата ќе одговорам директно, не преку медиуми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
trajcevska

Пак се наредени нови вештачења во случајот за смртта на младиот ди-џеј Љупчо Лешко. По седум месеци, обвинителката Тања Трајчевска вели дека и натаму се прават проверки и се обезудуваат докази. На прашањата кои јавно и ги поставија родителите, одби и јавно да одговори. Во одговор за „Скопје1“, посочува дека за тоа ќе зборува со нив во четири очи, иако семејството Лешко веќе просведочи дека обвинителката им кревала раце кога поставувале прашања.

— реклама —

„Во предметот во континуитет се преземаат дејствија и се вршат распити на лица. Вештак не е сменет, туку се наредени повеќе вештачења и мерења со цел да се добие прецизна и објективна проценка за причините за несреќата и сите околности кои довеле до настанот. Надлежниот јавен обвинител ќе ги изврши сите проверки и ќе ги обезбеди сите докази. Потоа на сите прашања на семејството на починатиот, имајќи ја предвид пред се нивната огромна загуба и болка, ќе одговори директно, а не преку медиумите“, вели Обвинителството за „Скопје1“.

Ова доаѓа откако семејството посочи дека истрагата се претворила во турска серија, па и посочија на обвинителката: „Кабелот не е крив!“. Веќе неколкупати досега алармираа дека објектот кој бил изнајмувен за забавата не бил запечатен по несреќата, а ниту вештак влегол таму. Чудно беше и тоа што им била вратена миксетата преку која Љупчо пуштал музика, за по нивното појавување во поткастот „Претрес“ да им ја одземат одново. Уште во декември, обвинителката Трајчевска рече дека издала наредба за вештачење во рок од 30 дена, за сега, да има нови наредби.

— реклама —

Инаку, Љупчо Лешко загина од струен удар. Тоа е потврдено и со обдукција во Судска медицина. Засега не е утврдено чија е вината и како се случило. Познато е само дека објектот бил изнајмен и се наоѓа во Радишани. Постојат и сомнежи за низа пропусти во постапката.

— реклама —

Родителите поставија десетици јавни прашања, на кои сега, и јавноста чека одговори:

— реклама —
ljupco

„Истрагата за смртта на Љупчо Лешко се претвори во турска серија, обвинителке, кабелот не е крив“ - семејството објави детали за резиденцијата каде загина момчето

Семејството на Љупчо Лешко, момче кое загина од струен удар при пуштање на музика на приватна забава во Радишани, јавно и се обрати на обвинителката Тања Трајчева од скопското Обвинителство. Ја прашуваат што се прави седум месеци од почетокот на предистражната постапка, како и дали јавно ќе признае дека од самиот почеток се е тргнато во погрешен правец. Тие обзнануваат дека по седум месеци, дури вчера вештак бил на лице место на настанот. За првпат по трагедијата, тие објавија за кој објект стан

Коментари | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања