Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Обвинителни предлози за употреба на фалсификувани ПЦР тестови на скопскиот аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-test

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози против вкупно 9 лица, од кои шестмина македонски државјани, двајца швајцарски државјани и една државјанка на Република Босна и Херцеговина. Сите се обвинети дека во издвоени кривично-правни настани сториле кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Имено, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје тие прикажувале како вистински лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје.

— реклама —

На странските државјани, врз основа на признание на вина, Основниот кривичен суд Скопје веќе им изрече пресуда со која ги огласи за виновни и им изрече условна осуда – казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од три години по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. Исто така, изречена им е и казна протерување на странец од земјата во траење од пет години.​

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања