Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Обвинителот кој се спогоди со Кичеец па стана адвокат, пак сака да правораздава - аплицирал во четири обвинителства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
kaver112

Арсим Адеми, кој од обвинители отиде во адвокатура, а се прослави со спогодбата која ја направи со Зоран Милевски-Кичец за сообраќајката на Стража, сака пак да правораздава. На конкурсот кој беше распишан за избор на нови обвинители, поднел дури четири апликации. Па така, Советот на јавни обвинители, ќе одлучува дали ќе го врати, а може во скопското, кичевското, тетовското или пак, во гостиварското основно јавно обвинителство. Адеми изминативе години беше адвокат, а по спорната спогодба за која Советот на јавни обвинители можеше да отвори постапка против него. Сега може да се врати без можност Советот да му покрене било каква постапка.

— реклама —

Во ОЈО-Кичево, ОЈО-Гостивар тој нема конкуренција и е единствен пријавен кандидат. За во ОЈО Тетово покрај него има уште тројца пријавени за да добијат обвинителска функција. За во ОЈО-Скопје има уште 19 пријавени, покрај него.

Адеми пред три години се обиде да добие и повисока обвинителска функција, па беше кандидат за обвинител во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Но не беше избран, па за медиумите изјави дека нема да конкурира на наредни огласи за во ова обвинителство. Тогаш изјави дека во спогодбата за шест месеци казна затвор за Кичеец, за сообраќајката во која едно лице загина - нема ништо незаконско.

— реклама —

Арсим Адеми завршил обука во Академијата за судии и обвинители во јануари 2016 година со најслаби оценки од сите кандидати, пишуваа медиумите. Но, само по два месеци е избран за обвинител во Гостивар. Правосуден испит положил пред 14 години.

„Скопје1“ проба да исконтактира со Адеми на бројот каде и претходно имаме стапувано во контакт - но истиот е сега непостоечки.

Избор на вкупно четириесет и седум обвинители во осумнаесет јавни обвинителства е на дневниот ред од 20. седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што ќе се одржи денеска со почеток во 10:30 часот во просториите на Советот.

Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје. По двајца јавни обвинители ќе се избираат во Основните јавни обвинителства во Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево и Струмица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања