„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Обвинителска „војна“: Хајрулахи тврди дека суспендиран откако објавил дека ќерката на неговиот шеф изнесува информации во јавноста за постапки во Обвинителството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
hajrulahi

Вишиот обвинител Мустафа Хајрулахи, кој е шеф на Скопското вишо обвинителство, кажа дека шефот на републичкото обвинителство, Љупчо Коцевски, врши притисок со суспензијата која му ја одреди. Според него, целта е да се влијае врз предмети кои се работат во Вишото обвинителство.

— реклама —

„Од страна на републичкиот јавен обвинител преку службите ми беше доставена одлука за оддалечување од функцијата виш јавен обвинител со образложение дека против мене се води кривична истрага во Обвинителството во Штип. Таа кривична е поднесена од републичкиот јавен обвинител, а тенденцијата е мене да ме заплаши со се колегите кои работат согласно законот. И да се донесат незаконски одлуки. Пред извесно време од 19 септември, републичкиот обвинител ми рече дека по однос на предметот за бонусите на СЈО треба да донесам одлука со која ќе се поткрепи првостепената одлука и да не се даде својство на оштетен на подносителот ВМРО-ДПМНЕ“, рече Хајрулахи.

Според него, тој одбил да даде ваква наредба на било кој обвинител.

— реклама —

„Јавниот обвинител ме извести дека ќе има вонреден надзор за Вишото јавно обвинителство. Спорното во целиот надзор е тоа што од тројца јавни обвинители, двајца, по сила на закон, не би требало да го вршат – едниот е Елвин Вели до пред заминување во Републичко беше мој прв заменик и обвинител кој постапуваше, а обвинителката Лиле Стефанова не би требало да учествува бидејќи се вршеше надзор на предметите од поранешното СЈО“, додаде Хајрулахи.

Посочи дека настанот има цела хронологија.

„Кога ме повика и ми вршеше притисок, тој ми кажа дека против мене, неколку вработени во Вишото јавно обвинителство, доставена е претставка до Републичкиот за наводен мобинг. Републичкиот тогаш кажа дека содржината е смешна и крајно несериозна и дека ако има било каков мобинг – тоа треба да се процесуира во граѓанскиот суд. По тоа, го обзнанив настанот, дека ќерката на Коцевски дава информации во одредени медиум за текст... Свиркачот ми рече дека папката со информации, е ќерката на јавниот обвинител“, додаде Хајрулахи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања