Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Обвинителство бара притвор за манијакот кој се самозадоволувал пред девојки во автобуси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Обвинителството бара куќен притвор за еден млад скопски манијак. Тој се самозадоволувал пред девојки во неколку наврати, и тоа и во автобуси и во влезови од згради.

— реклама —

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување мерка куќен притвор против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило неколку кривични дела – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Имено, во пет наврати осомничениот 30-годишник на различни локации во Скопје, во автобуси и влезови од згради, се самозадоволувал пред девојки со што го сторил наведеното кривично дело“, се вели во соопштението од обвинителството.

— реклама —

Предлогот за куќен притвор е поднесен бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело против морал кое постои опасност да го повтори.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања