„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Обвинителство обвини шест лица за фалсификување евра – продале лажни банкноти вредни над 114.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
DSC_0104

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против шест лица, осомничени дека како дел од злосторничка група фалсификувале евра и ги дистрибуирале на територијата на Македонија и Србија.

— реклама —

Според обвинителството, групата била организирана од првообвинетиот, кој во периодот од крајот на 2023 до февруари 2025 година набавил и користел опрема и материјали за изработка на лажни банкноти во апоени од 20, 50, 100 и 200 евра. Петмина од обвинетите се товарат за кривичното дело „Фалсификување пари“, додека двајца, меѓу кои и организаторот, се обвинети и за „Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“.

Фалсификуваните пари, кои се произведувале во Македонија, се дистрибуирале главно во Србија, по цена од 25 до 30 отсто од нивната номинална вредност. Вкупно, групата во периодот од јуни 2024 до јануари 2025 година успеала да продаде 114.150 лажни евра за 42.400 евра.

— реклама —

Шестообвинетиот, според Обвинителството, изработувал и одржувал машините за печатење на лажните пари.

Обвинителството со поднесениот акт бара и продолжување на мерката притвор за осомничените. Паралелно, против шест српски државјани, кои наводно биле вклучени во дистрибуција на фалсификатите, се води постапка во Србија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања