Промени тема
Контакт

Со автобус дошол до Центар, купил бензин и ги запалил дипломатските возила: се бара притвор за инцидентот пред Бугарска амбасада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library7lq9b9a4mn2u3u7enYb

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец осомничен за кривичното дело предизвикување општа опасност, откако вчера напладне запалил две дипломатски возила пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

— реклама —

Според обвинителството, на 15 јуни околу пладне на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, осомничениот предизвикал пожар со кој создал значителна опасност за животот и телото на луѓето, како и за имот од големи размери.

— реклама —

Истрагата покажала дека тој најпрво излегол од својот дом, се качил во автобус и пристигнал во центарот на Скопје. Од бензинска пумпа во близина на Бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише, по што се упатил кон двете паркирани дипломатски возила.

Откако ги полеал автомобилите со бензин, ги запалил со запалка, а веднаш потоа го напуштил местото на настанот.

— реклама —

Од Обвинителството велат дека при оценката за мерката за обезбедување биле земени предвид видот и тежината на кривичното дело, фактот што било извршено врз дипломатски возила, како и околноста дека настанот се случил среде ден во центарот на градот, кога фреквенцијата на луѓе и возила е голема.

Поради тоа, јавниот обвинител до надлежниот суд доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library64vnuv8c02r09DiTpEw

Над 40 пожари за еден ден, 16 сè уште не се изгаснати

Македонија | пред 6 дена

media-librarysesrjviu6vap1uToRCs

Активен пожар на Шар Планина, огнот зафатил пасишта над Боговинското Езеро

Македонија | пред 6 дена

pozarna-

Гореше стан кај Клинички, пожарникар се наголтал чад и заврши во болница

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања