Промени тема
Контакт

Обвинителството да ја прошири истрагата, Заев даваше насоки за приватизација на Пошти уште во 2020-та, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
275864773_440896017785939_7972731295988402988_n

Генералниот секретар на владата на заевизмот, Мухамед Зекири, кој патем е и кумашин на Зоран Заев, не можел да направи криминал ако за тоа не знаел неговиот претпоставен, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Се работи за криминал тежок еден милион евра кој што Зекири од позиција генерален секретар на влада го направил преку договор во четири очи без тендер со хрватски државјани кои ги ангажирал да му изработат „семинарски труд“ за приватизација на Македонски пошти.

— реклама —
— реклама —

Дека Зоран Заев знаел за ваквите активности на Зекири посочува и фактот што Заев самиот најави дека неговата влада ќе подготвува приватизација на Македонски пошти. Заев уште во октомври 2020 најави дека работат на приватизација на ова претпријатие и на уште неколку други. Зекири го сторил делото во април 2021 година. Веројатно Заев наредил, а Зекири спроведувал. Затоа надлежните органи мораат да ја прошират истрагата и да утврдат дали и колку од овие милион евра завршиле кај главата на мафијата во Македонија? Дополнително врз основа на насоката на Заев за приватизација на државни компании, обвинителството треба да испита дали е ова прв и единствен криминал на Зекири, или имало и други кривични дела пред ова, или потоа?“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања