„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Обвинителството гони лице за тешка кражба кое украло 120 илјади денари и предмети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
krazba

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави oбвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетата, како што посочија од ОЈО на 15 август минатата година, со употреба на физичка сила и погоден предмет насилно ја отворила влезната врата на домот во сопственост на оштетеното лице, при што одзела туѓи предмети со намера противправно да ги присвои. На овој начин биле одземени еден мобилен телефон, две златни ланчиња, медицински златни навлаки за заби, сребрена пара со ликот на Гоце Делчев и друг накит, во вкупна вредност од 120.000 денари, велат од обвинителството.

Заедно со обвинителниот предлог, додаваат оттаму надлежниот обвинител до судот достави и предлог на обвинетата да и биде определена мерка притвор, со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасноста од бегство, како и на опасност таа да го повтори кривичното дело кое и се става на товар.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања