Обвинителството мора да реагира на заканите со насилство, велат од Хелсиншки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Игнорирањето на говорот на омраза и неговите последици, отсуството на процесирање на ваквите случаи и речиси непостоечката судска пракса на ова поле, директно ја овозможува неговата ескалација во чувствителни општествено-политички моменти. Деновиве повторно сведочиме како новонастанатата политичка криза во државата автоматски предизвика силен бран омраза заснована на етничка и политичка припадност и тоа преку закани со војна, реваншизам, бесење, силување и други најави на насилство кон ,,другите’’, реагираат од Хелсиншкиот комитет.

— реклама —

Напоменуваат дека Хелсиншкиот комитет, како граѓанска организација која во континуитет ги следи говорот и делата од омраза и предупредува на последиците од овие феномени врз општествената кохезија, а особено врз помладите, редовно поднесува пријави до Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

„Но, според повратните информации кои ги добиваме, обвинителството е инстанцата каде што овие случаи заглавуваат без разрешница. Токму затоа сметаме дека ваквите загрижувачките трендови во јавната комуникација не смеат да останат без соодветен одговор од институциите, со оглед на минатото искуство и бројните кризи со кои се соочуваше нашето општество во изминативе три децении“, велат од Хелсиншки комитет.

— реклама —

Додаваат дека она што треба да се има предвид е дека неказнивоста на овие дела ги минира, како шрто потенцираат, шансите за каква било превенција на злосторства од омраза, кои секогаш се иницирани или поттикнати од говорот полн со насилство, нетрпеливост и заплашување.

Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека екстремните форми на говор на омраза, со кој директно се повикува на извршување на дела од омраза, се аларм кој конечно треба да го активира Јавното обвинителство да постапува во овој сегмент од неговите законски надлежности и обврски, стои во писменото соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања