Обвинителството соопшти дека еколошкиот дел од предметот за набавката и составот на мазутот за ТЕЦ Неготино не е затворен, туку е издвоен во посебна постапка по која активно се работи.
Реакцијата доаѓа откако, како што наведуваат, повеќе новинари побарале дополнителни информации за евентуалното влијание на мазутот врз животната средина.
„Постапката за составот на мазутот и неговото евентуално влијание врз животната средина не е запрена, туку е издвоена и по неа активно се постапува“, велат од Обвинителството.
Според нив, по добиеното вештачење од Србија, биле побарани експерти од повеќе високообразовни институции во државата за да дадат стручно толкување на наодите.
„Обвинителството побара номинација на експерти од областа на заштита на животната средина од повеќе високообразовни институции со цел да го протолкуваат вештачењето во насока дали составот на мазутот за кој се добиени вештачења има влијание врз животната средина“, се наведува во соопштението.
Оттаму додаваат дека дел од институциите веќе известиле оти немаат соодветен кадар за ваков тип анализа.
„Дел од институциите веќе известија дека не располагаат со стручен кадар кој може да даде толкување на наодите од вештачењето“, информираат од ОЈО.
Обвинителството посочува дека, доколку не се најде соодветен експерт во државата, ќе биде побарана помош од странство.
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
Обвинителството: Не е затворен еколошкиот дел за мазутот во ТЕЦ Неготино
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 20 часа -
Македонија
Поврзани содржини
Штетен мазут доставуван во ТЕЦ Неготино во време на енергетска криза, а раководството на АД ЕСМ од СДС и ДУИ му правеле и анекси на добавувачот, тврди ВМРО-ДПМНЕ
Македонија | пред 1 година