Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Обвинителството во случајот „Трезор” предложи конфискација на имот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mijalkov

Обвинетите во случајот „Трезор” кривичните дела ги сториле од лукративен карактер, изјави во завршните зборови на овој процес обвинителот Артан Ајро, кој побара од Судот да го примени институтот конфискација на имот и имотна корист, објави Фокус.

— реклама —

– Како имотна корист прибавена со кривично дело за правното лице ДТУ „Финзи” ДООЕЛ од Скопје, избришано од Централен регистар на 18.02.2011, а конфискација да се изврши на парични средства од денарска сметка во Охридска банка во вредносг од 838 106 денари и девизна банкарска сметка 145 619 евра, како и конфискација на ПМВ Ауди А4 со проценета вредност од 1 026 285 денари, побара обвинителот Артан Ајро.

Покрај ова побарување, обвинителот од Судот побара обвинетиот Сашо Мијалков да го задолжи да надомести износ од 11 милиони денари, Горан Грујевски 11 милиони денари, Нејбојша Стајковиќ 6 милиони денари и обвинетито Тони Јакимовски 7 милиони денари.

— реклама —

Државниот правобранител Линда Зибери, на крајот рече дека останува на оштетеното побарување од 48 480 942 денари, за кој е оштетен Буџетот на државата со злоупотреба на службената должност.

извор: Фокус

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања