Обвинувањата и расправиите меѓу правосудството и владата се во стилот на пресметка на две криминални банди, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sudstvo-2

Обвинувањата и расправиите на функционерите во правосудството и владата на тема корупција се во стилот на пресметка на две криминални банди. Односно во услови на силен домашен и меѓународоен притисок членовите на една банда се поделија на два клана кои сега си ја префрлаат својата вина. Јавноста не заборава дека овие два клана функционираа идеално односно едните го крадеа народот, а другите ги штитеа, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Оваа власт на СДС е дувлото на криминалот и корупцијта во Македонија. Ова распупено правосудство е заштитникот и адвокатот на криминалот. СДС е власт веќе 6 години, министерството за внатрешни работи го имаат веќе 7 години, а резултатот од тоа е ортаклук со криминалците, корупција на секој чекор.

— реклама —

Денешните изјави на првите луѓе од криминалното миље наречено власт, се само обид да ја изманипулираат јавноста, да глумат загриженост и кавга, да избегнат одговорност и пак да си продолжат по старо. Но работите се дојдени до состојба од која нема враќање назад. Народот бара одговори и одговорност. Овие криминалци од власта и нивните заштитници од правосудството мора да одговараат пред законите и ослободеното судство“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања